Вработување
Семос Едукација претставува најголем тренинг центар во Македонија и избор на IT професионалците во регионот. Како еден од светските Microsoft Certified Partner for Learning Solutions , бараме посветени, високо квалитетни луѓе, кои ќе ни помогнат да продолжиме со нашиот континуиран пораст и статус на различен и врвен тренинг центар.
Всушност, вработените во Семос Едукација ја прават оваа разлика. За да го продолжиме овој тренд, постојано бараме високо мотивирани индивидуалци, кои ќе ни помогнат да го воздигнеме нивото на успех. Нудиме динамична работна околина, каде целите на кариерата се препознаваат, а посветеноста се наградува.
Семос Едукација нуди конкурентен начин на наградување и бенефиции, како и можност за едукација и напредок од прва рака преку едукативните солуции кои ги обезбедуваме.
Ако сте искусен, исклучително мотивиран индивидуалец, посветен на усовршување, би сакале да ја разгледаме можноста да се придружите во нашиот тим.
Заинтересирани? Испратете Ваше CV на kursevi@semos.com.mk и објаснете на кој начин ВИЕ ќе придонесете во динамична компанија како нашата.