Добијте го најдоброто со новата генерација на Microsoft сертификатите
Доколку трошите време и пари на обука, би сакале да го имате најдобриот партнер за обука што можете да го добиете. И покрај се, сакате Вашиот провајдер на наставни решенија да биде флексибилен, да има знаење и да биде одговорен за посебните потреби на обуката. Ја сакате најдобрата шанса за положување на испитите.
Токму затоа, Семос Едукација ги исполнува строгите барања на Microsoft и е еден од Microsoft Gold Partner for Learning Solutions. Сите инструктори имаат сертификат Microsoft Certified Trainer, кој ги гарантира знаењето и специјалноста во одделни полиња и потврдува дека инструкторите можат да ја одржуваат обуката според инструкционите стандарди на Microsoft. Тимот на инструктори во Семос Едукација се состои од 12 Microsoft инструктори, од кои:
3 MVP; 12 MCT; 10 MCTS/MCITP; 8 MCSA/MCSE; 4 MCPD; 1 MODL
Семос Едукација Ви нуди официјални Microsoft курсеви и овозможува да ги полагате Microsoft испитите, да се здобиете со искуство со технологијата која сакате да ја усовршите.
Што вклучуваат нашите пакети?
Намената на секој пакет е да му овозможи на слушателот да се здобие со знаење и вештини за успешно положување на соодветниот испит, според Microsoft програмата.
Во цената е вклучено:
- Обука во Семос Едукација – Microsoft Gold Partner for Learning Solutions
- Инструктори со сертификат Microsoft Certified Trainer
- Оригинална Microsoft книга
- CD со вежби и дополнителни материјали за секој курс, вклучен во пакетот
- Оригинален светски признат Microsoft сертификат
- Бесплатен консалтинг со нашите инструктори
- Можност повторно да се посетува истиот курс
Овие курсеви се создадени за desktop техничари(техничари за подршка), системски администратори, системски инженери, програмери, администратори на бази на податоци кои што сакаат да се здобијат со Microsoft сертификат, кој понатаму би им помогнал да постигнат големи успеси во нивната кариера, овозможувајќи им професионалност и компетентност. Семос Едукација нуди специјални цени за сите заинтересирани студенти, кои веќе имаат посетено некој од нашите пакет курсеви и сакаат да ја завршат својата обука и да добијат сертификат.
Курсевите и испитите се одбрани според следниве критериуми:
- Најраспространети курсеви и испити според истражувањата на Microsoft
- Најбараните сертификати од страна на светски познати ИТ компании според истражувањата на Microsoft
- Најраспространети курсеви во Македонија според бројот на одржани курсеви во Семос Едукација
- Најбарани испити во Македонија според бројот на испити положени во Семос Едукација
- По завршувањето на курсевите и испитите, Вие станувате дел од најпрестижното светско семејство на ИТ професионалци со Microsoft сертификати.
Овие пакети се одлична инвестиција за Вашата иднина и кариера, земајќи ја во предвид нивната светска распространетост.
Семос Едукација има квалитетен менаџмент систем, кој што прави анкети после секоја завршена обука. Секако, добро сме информирани за сите промоции и специјални услови кои можеме да ви ги понудиме и со тоа да Ви овозможиме дополнителна содржина на курсот или едноставно да Ви понудиме подобри можности.
Па, ако сте решиле да потрошите време и пари на обука, зошто да не го добиете најдоброто?
Не чекајте. Јавете ни се денес (++389 2 3130 900) и можете да добите техничка обука за Вашите потреби.