Адреса:
бул. Кузман Јосифовски Питу
бр.19 локал 6, 1000 Скопје
Телефон / факс:
+389 2 3130-900
 
English

Колеџ за графички и веб дизајн


Колеџот за графички дизајн започна со својата работа во Октомври 2006 година и претставува специфично насочено образование, базирано на креативност, совладување компјутерски вештини и интензивна практична работа на студентите.
Тимот на предавачи е целосно посветен на идејата дека едукацијата му овозможува на поединецот да осознава нови и возбудливи нешта.
Покрај едукативен, Колеџот поседува и промотиван карактер претставувајќи ги младите телентирани графички дизајнери на пошироката македонска јавност. Крајот на учебната година завршува со “Изложба на најдобри графички проекти” која е организирана под покровителство на Семос Едукација. На оваа изложба студентите имаат можност да ги претстават и објаснат своите најуспешни проекти на кои работеле во текот на годината.
Со последната V-та генерација студенти, Колеџот досега едуцираше педесетина млади графички дизајнери. Повеќето од нив се вработени на препорака од нашиот тим на предавачи.

Процес на школување во Колеџот

 

 

Отклучи ја својата креативност за една учебна година

 

   

© Семос Едукација, 2009
design by Семос Мултимедиа