Адреса:
бул. Кузман Јосифовски Питу
бр.19 локал 6, 1000 Скопје
Телефон / факс:
+389 2 3130-900
 
English

Acrobat

Adobe Acrobat 9

Број на часови: 30
Цена: 8000 ден.

За кого е наменет курсот:

Adobe Acrobat 9 е најважна програма во електронското издаваштво. Се користи за претварање на било кој документ во PDF (Portable Document Format), задржувајќи го притоа точниот изглед и содржината на оригиналот, вклучувајќи ги фонтовите и графиците.
Adobe Acrobat 9 ќе ви овозможи вашите документи, табели, презентации, е-маилови и друго да ги обедините во интересно PDF Портфолио. Дава можност за истовремена работа над ист PDF документ, во реално време на цел тим соработници.
Научете како да ги дистрибуирате PDF документите безбедно и веродостојно, преку е-маил или прикажете ги нив на веб. Можете да креирате електронски образец од постоечки скенирани документи, како и да вметнете Flash содржина во PDF документ.
Наменет е за дизајнери, графички монтери, лица кои професионално се занимаваат со печат, но можат да го користат и архитекти, инженери и сите оние чијашто работа е поврзана со компјутер.

Потребни предзнаења за курсот:

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери.

Материјал за курсот:

Посетителите на курсот добиваат книга “Adobe Acrobat 9”, како и CD-ROM со вежби.

Содржина на курсот:

  • Креирање Adobe pdf фајлови
    • Конвертирање на фајл во Adobe PDF со користење на наредбата Print
    • Конвертирање на e-mail пораките во PDF
    • Намалување на големината на PDF фајловите
  • Комбинирање на фајлови во pdf портфолија
    • Брзо и лесно комбинирање на фајловите од различен тип во PDF портфолио
    • Барање, поделба, обработка и сигурност на PDF портфолиото
    • Комбинирање на фајловите во единичен PDF фајл без креирање на PDF портфолио
  • Читање и работа со PDF фајлови
    • Навигација низ Adobe PDF документот со користење на навигационите контроли
    • Скролирање на Adobe PDF документот и негово прикажување во рамките на прозорецот
    • Барање на PDF документ преку збор или фраза
    • Исполнување наPDF формат
    • Печатење на целиот или дел од PDF документ
  • Обработка на pdf документи
    • Вметнување на страни во документот
    • Работа со линкови и букмаркови
  • Додавање на електронски потпис и безбедност
    • Креирање на дигитално ID
    • Дигитален потпис на документи
    • Сертифицирање на документ
  • Користење на Acrobat за проверка и работа со форми во Acrobat
    • Креирање на интерактивни PDF форми
    • Додавање на форми, вклучување на текст, радиокопчиња и копчиња за акција
  • Креирање на мултимедијални презентации
    • Додавање на видео и Flash анимации во PDF фајлови
    • Преглед на презентацијата на цел екран
  • Користење на Acrobat во професионалното печатење
    • Креирање на Adobe PDF фајлови за печатење со висока резолуција
    • Подготовка на Adobe PDF фајл и проверка на квалитетот
    • Користење на Acrobat за правење на сепарација на бои


© Семос Едукација, 2009
design by Семос Мултимедиа