Сплотувањето на деловното работење и компјутерската култура и едукација, денес веќе е реалност. Курсевите се наменети за деловните корисници, или оние кои веќе влегуваат во деловниот свет. Овозможува самостојна, брза и ефикасна изработка на најразлични типови текстуални документи, добивање на точни податоци во табеларните пресметки, како и нивно графичко претставување. Изработување на професионална презентација на вашите извештаи, проекти и трудови. Во целокупната работа информациите од глобалната светска мрежа се од големо значење, а најлесен и најбрз пристап е преку користењето на интернетот.
Во напредните курсеви, професионалната изработка на документи, циркуларни писма, урнеци, Web документи, ќе го подигнат професионалното ниво во деловното работење. Табеларните пресметки и користење на доволни бази податоци овозможуваат успешна финансиска анализа. Употребувајќи ги релационите бази на податоци добивате секаков вид на извештаи и табели. Управувањето со сопствените и деловните информации и комуникации претставува суштина на успехот во денешниот деловен свет.
- Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
- Бесплатни прирачници или книги за секој курс
- За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома
- Прирачник за соодветниот курс на македонски јазик
САМО за однапред уплата на целиот пакет следува 30% односно 20% попуст!
За поединечно посетување на курс важат цените наведени во табелите.
Попусти:
- 10 % за студенти и невработени
- 10 % за посетување на втор курс
- 20 % за посетување на трет курс
- 20 % за посетување на цел пакет
Начин на плаќање:
- Уплата во готово - во банка со добиена уплатница,
- Уплата со Master картица,
- Уплата со Visa картица.
Забелешка: По секој курс може да има пауза од две недели.
За фирми нудиме извонредни услови за соработка...