Целта на програмата е да се надмине јазот помеѓу понудата и побарувачката на квалификувани и талентирани поединци на пазарот на работна сила во Македонија на полето на графички дизајн.
Програмата е усогласена според комерцијалните потребите кои ги диктира пазарот и целосно е насочена кон поединецот за стекнување на уметничко, креативно и практично знаење.
За кого е наменета програмата?
- индивидуалци кои дизајнот го чувствуваат како идна професија
- невработени лица кои сакаат стручно да се усовршат во полето на графичкиот дизајн
- вработени лица кои се на почеток на својата кариера во маркетинг оддели или адвертајзинг агенции
- самостојни дизајнери кои сакаат да ги унапредат своите знаења
Краток преглед
Теоретските предмети имаат за цел да ја развијат ликовната логика кај студентот, како и да го поттикнат неговото иновативно и креативно чувство за дизајн. А, компјутерските апликации на Adobe се само помагало на студентот брзо да ја претвори идејата во оригинално дизајнерско решение.
Студентот секојдневно ќе креира дизајнерски решенија преку индивидуални проекти, ќе дизајнира сопствен идентитет претворен во лого, сопствен фонт, студентско портфолио кое треба да му послужи да побара работа.... Како практични задачи издвојуваме компјутерска манипулација со дигитална фотографија, организација на типографските елементи заедно со илустрации, композиција на цртеж, правилна употреба на боја...
Целта ни е следна: студентот да стекне искуство како да ја пренесува пораката од клиентот, која порака треба да убеди, мотивира или инспирира одредена целна група.
Видови на програми
Редовна - Програма по семестри
Вонредна - Програма по модули