Придобивки
Ако имате силно креативно чувство и уживате во работа со компјутер, тогаш вашата идна професија е ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР. Сте избрале интересна и креативна професија која можете самостојно да ја работите во домашна атмосфера или тимски во маркетинг агенции или во разни отворени дизајнерски студиа. Тоа е професија која Ви нуди безгранични можности и Ви ги проширува хоризонтите во развојот на професионалната кариера.
Клучни бенефити
- Креирање на ефективни дизајн пораки и намалување на непродуктивно потрошеното време
- Брзо решавање на дизајн проблеми преку јасна и концептуална мисла
- Збогатување на визуелниот вокабулар
- Усовршување на компјутерски вештини во апликации на Adobe - верзија CS4
- Зголемување на интелектуалната љубопитност преку интеракција, промена на ставовите и развивање на вештини за комуникација преку слики
Зошто да не изберете?
- Тимот на Колеџот е составен од магистри на наука, дипломирани уметници, Adobe специјалисти и графички дизајнери кои имаат долгогодишно искуство во полето на графичкиот дизајн
- Ви нудиме интерактивна настава проследена со многу практична работа и секојдневни консултации при изработка на проектните задачи, сопственото портфолио и презентации на теми поврзани со дизајнот
- Ви помагаме да ги подготвите испитите за здобивање на Adobe Certified Expert (ACE) сертификати
- Секојдневно сме во контакт со фирми од графичката дејност. Организираме посети, даваме препораки за пракса и вработување на најдобрите студенти
- Организираме „ИЗЛОЖБА НА НАЈДОБРИ ГРАФИЧКИ ПРОЕКТИ“, на која им даваме можност на студентите сами да се промовираат и да ги презентираат своите графички дизајн решенија