
Имате потреба да објавите некоја информација? Сакате да продадете производ или услуга? Можеби треба да убедите некого презентирајќи сложен систем или одреден процес?
Тогаш, Вие имате порака до јавноста која треба да се одлучите како ќе ја испратите? Можете директно да воспоставите комуникација со луѓето што претставува вербална комуникација. Но, доколку сакате да користите било каков визуелен медиум, како - постер, каталог, рекламен флаер, списание, лого на фирма, меморандум, омот за книга и слично, Вие користите визуелна комуникација таканаречена графички дизајн.
Графичкиот дизајн е дел од применета уметност и претставува креативен процес во кој се комбинираат уметноста и техниката, со цел јасно да ја пренесе пораката од клиентот до поширокиот аудиториум.
Како дел од секојдневието, графичкиот дизајн можеме да го видиме насекаде околу нас, започнувајќи од првиот весник кој го читаме наутро, интернет страниците кои ги разгледуваме, билбордите и знаците кои ги сретнуваме кога ќе го напуштиме домот, менијата во рестораните и кафулињата.