AutoCAD Architecture 2009
Времетраење на курсот: 40 часа
Цена на курсот: 10800 ден.
За кого е наменет курсот:
Курсот е наменет за архитекти, проектанти, дизајнери на ентериер и други лица кои кои имаат искуство во работа со 2D објекти во AutoCAD и имаат потреба да креираат 3D модели во архитектонскиот дизајн.
Потребни предзнаења за курсот:
Слушателите треба да имаат практично искуство во тековната или претходната верзија на AutoCAD како и искуство со креирање и модификување основни AutoCAD објекти. Препорачливо е слушателите да имаат практично искуство со Microsoft® Windows® XP/2000.
Материјал за курсот:
- Официјална литература на Autodesk (Autodesk Official Training Courseware). Прирачникот се состои од книга (338 стр), А4 формат и ЦД со вежбите.
- По завршување на курсот секој слушател добива Autodesk Certificate of Completion.
Содржина на курсот:
- Користење на дефинирани AEC дизајнерски објекти
- Користење на палетите со алатки и алатки за цртање на детали
- Аплицирање на AEC Материјали
- Модифицирање на објекти со фиксни и динамички димензии
- Работење со проекти
- Креирање на таванска мрежа, додавање и модифицирање на таванската опрема
- Креирање и модифицирање на мрежа на столбови
- Додавање на ѕидови, креирање и модифицирање на заоблени ѕидови
- Креирање на подови
- Креирање на покриви
- Додавање и модифицирање на ѕидни отвори
- Додавање на просторни објекти
- Додавање и модифицирање на скали
- Креирање на систем од Врати/Прозорци, креирање на масивни елементи
- Креирање на изгледи на цртежот и погледи во Model Space
- Коментирање на цртежите, додавање на графикони и табели
- Користење на теми за приказ, додавање на прикази и разни изгледи
- Креирање на листови за печатење, објавување и пренесување на листови