Adobe Premiere Pro CS4
Број на часови: 30
Цена: 8000 ден.
За кого е наменет курсот:
За сите оние слушатели кои се заинтересирани за аудио и видео монтажа на најразлични видео записи. Adobe Premiere Pro CS4 е револуционерна апликација за аудио и видео монтажа во реално време која ви обезбедува прецизна контрола од секој аспект на вашата видео продукција.
Потребни предзнаења за курсот:
За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери, како и оперативниот систем Windows 98/2000/XP.
Материјал за курсот:
Посетителите на курсот добиваат книга “Adobe Premiere Pro CS4 - Учионица у књизи” на српски јазик, како и CD-ROM со вежби.
Содржина на курсот:
- Вовед во Adobe Premiere
- Инсталирање на Adobe Premiere
- Запознавање со програмскиот интерфејс
- Изработка на секвенци и основи на монтирање во реално време
- Премини (Transitions)
- Боја и транспарентоност
- Изработка на анимации во Adobe Premier
- Специјални ефекти (Effect controls)
- Интеграција на Adobe After Effects, Photoshop и Illustrator во Premiere
- Основи на видео монтажа
- Титлови и одјавни шпици
- Аудио
- Рендерирање и експортирање