Адреса:
бул. Кузман Јосифовски Питу
бр.19 локал 6, 1000 Скопје
Телефон / факс:
+389 2 3130-900
 
English

Дигитална фотографија

Adobe Photoshop CS4 за дигитална фотографија

Број на часови: 30
Цена: 8000 ден

За кого е наменет курсот:

Интегрирајте ги моќните алатки на Photoshop во процесот на обработка на вашите дигитални фотографии. Ќе се запознаете со чекор-по-чекор техниките кои денес ги користат врвните дигитални фотографи и ретушери. Ќе се здобиете со јасна претстава кои алатки и подесувања да ги користите, кога и зошто. Овој курс содржи голем број на совети и трикови кои ги користат професионалците за едитирање, изострување, ретуширање и презентација на фотографии дури и пред најпребирливите клиенти.

Потребни предзнаења за курсот:

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери и следните основни вештини во Adobe Photoshop CS3/CS4 како што се:

  • добро познавање на работната површина на Adobe Photoshop (алатки, палети и мениа)
  • изработка на селекции
  • креирање и работа со леери
  • изработка на маски

Материјал за курсот:

Посетителите на курсот добиваат книга “Photoshop CS4 Workflow, the digital photographer’s guide”.

Содржина на курсот:

  • основни и напредни техники во Adobe Bridge
  • основни и напредни техники во Camera Raw
  • алатки за отсекување и промена на димензии
  • отстранување проблеми настанати од дигитален фотоапарат
  • корекција на бои
  • техники за маскирање
  • ретуширање портрети
  • корекции на тело
  • специјални ефекти
  • црно-бели фотографии
  • техники за изоштрување и отстранување шум
  • презентации


© Семос Едукација, 2009
design by Семос Мултимедиа