Adobe InDesign CS4
Број на часови: 30 часа
Цена на курсот: 8000 ден.
Adobe InDesign е програм кој служи за компјутерска обработка на текст, продолжение на PageMaker. Тој е моќна алатка со чија помош може да се креираат и уредуваат страни. InDesign е совршен избор за дизајнирање на секаков вид на документ, од постери, флаери и брошури до весници или книги. Нуди многу можности при модифицирање на слика со текст за добивање на единствени и професионални креации.
InDesign можат да го користат почетници, графички дизајнери и сите оние кои имаат потреба од врвни дизајни. Како дел од Adobe фамилијата тој ги крши бариерите помеѓу online и offline издаваштвото.
Потребни предзнаења за курсот:
За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери и апликацијата МS Word.
Материјал за курсот:
Посетителите на курсот добиваат книга “Adobe InDesign CS4, Classroom in a Book”.
Содржина на курсот:
- Запознавање на работната површина
- Креирање на документ
- Употреба на Pages Panel
- Работа со текст
- Импортирање на фајлови од други апликации
- Работа со слоеви
- Работа со објекти
- Стилови
- Бои
- Додавање на ефекти
- Работа со табели
- Печатење и експортирање