Adobe Illustrator CS4
Број на часови: 30
Цена: 8000 ден.
За кого е наменет курсот:
Illustrator е програм кој нуди креативна слобода за да може ефикасно да се реализираат сите идеи. Тој ја претвора растерската графика во вектор, а цртањето го прави иновативно. Поврзанoста со останатите Adobe апликации овозможува графиките да бидат печатени, поставени на web, видео .... Употребувајќи го овој програм можат да се направат логоа, плакати, огласи или било кои други графики наменети за печатење и web.
Потребни предзнаења за курсот:
За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери.
Материјал за курсот:
Посетителите на курсот добиваат книга “Adobe Illustrator CS4, Classroom in a Book”.
Содржина на курсот:
- Запознавање со работната површина
- Техники на селектирање
- Изработка на основни форми и објекти
- Трансформирање на објекти
- Цртање со алатката Pen и Pencil
- Работа со бои
- Работа со текст
- Работа со слоеви
- Додавање на стилови и ефекти
- Употреба на Appearance panel
- Работа со четки за боење
- Печатење и експортирање